Мбапе прави скандали во репрезентацијата, а Јунајтед за него нуди 170 милиони евра!

611

Нема ден а името на Килијан Мбапе да не се поврзува со било каков настан, реакција или потег на еден од најдобрите фудбалери во светот.

Па така тој, барем според медиумите во Франција, тој направил вистински хаос, поточно скандал, на подготовките за СП во Катар. На тренинг влегол во конфликт со Жиру, па така иако овој двапати му се извинил, Мбапе сакал сето тоа да го каже на прес. Сепак тоа не го дозволил селекторот Дидие Дешамп.

Исто така од вчера излегоа нови шпекулации од Островот а во нив се вели дека Манчестер Јунајтед бил и тоа како силно заинтересиран за услугите на Мбапе и дека бил подготвен да даде 170 милиони евра како отштета со оглед на тоа дека младиот напаач има договор со ПСЖ.

Неделната плата би му била 500.000 фунти, сума која моментално ја зема Роналдо кој се по она што кажа за својот клуб повеќе од сигурно е дека е веќе бивши играч на тимот од “Олд Трафорд“. Сепак овие суми се премали за да се привлече Мбапе, посебно платата, ако се знае дека тој во ПСЖ зема двојно повеќе.

ПретходноБенасер му е верен на Милан до 2027 година
СледноМарку Канерва-селекторот на Финска: Македонија е силен тим со квалитетни поединци!