Марку Канерва-селекторот на Финска: Македонија е силен тим со квалитетни поединци!

176

Во пресрет на утрешниот меч меѓу Македонија и Финска, станува збор за пријателски дуел, селекторот на гостите Марку Канерва имаше свое видување за оваа контролка за двете селекции.

Тој со респект говореше за Македонија на попладневниот прес:

Од утре почнуваме со подготовките за квалификациите за ЕП. Имаме два тешки меча пред нас, првиот е утре со Македонија. Јасно е дека Македонија е силен противник со квалитетни поединци. Очекувам добар дуел и секако добар резултат за нас. Македонија има доста искусни и вешти играчи. Тука се Барди и Елмас, станува збор за одлично физички подготвена селекција. Ја гледавме со Грузија, сметам дека несреќна околност е што загуби таму“ посочи селекторот на Финска, Марку Канерва.

Селекторот на Финска смета дека и двете селекции се тука некаде по својот квалитет:

Сметам дека сме тука некаде со квалитетот. Последниот наш меч беше во Белек во 2018 година, тогаш бев селектор и тогаш беше израмнет меч. Да кажам дека на ЕП 2020 и Финска и Македонија за првпат играа на едно големо натпреварување“ заврши Канерва.

Роберт Тејлор, играчот на Интер Мајами пак истакна:

И јас мислам дека овој натпревар со Македонија ќе биде тежок меч за нас, но од друга страна ќе биде и добар натпревар за полна самодоверба. Би сакал да кажам дека ќе победиме. И двата тима не се комплетни, па така тешко е да се каже кој ќе победи“.

ПретходноМбапе прави скандали во репрезентацијата, а Јунајтед за него нуди 170 милиони евра!
СледноЕП: Унгарија ја шокира Словенија, Германките ја победија Романија!