Дека работите драстично ќе се сменат во српскиот кошаркарски шампион Црвена Звезда со доаѓањето на новиот тренер Душко Ивановиќ се покажа уште на првите тренинзи.
Како што јавија српските медиуми, човекот кој го презеде кормилото кај белградските „црвено-бели“ веднаш воспостави нови и строги правила меѓу играчите, а покрај тоа реши добро да ги испоти уште на вториот тренинг.
Во текот на вчерашниот ден Ивановиќ го имаше вторио тренинг со тимот кој траел долги 5 часа. Тимот почнал со тренинг во 17 часот и останал во сала се до 22 часот вечерта.
Претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ претходно изјави дека раната промена на тренерот е диктирана од желбата на раководството да го зголеми степенот на дисциплина во тимот, а Ивановиќ веројатно ја почна токму таа мисија.