Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски ќе се бори за златото на Европското првенство во Турција. Тој вчера славеше во мечот од полуфиналето против Хрватот Борна Манојловиќ со 3:0 и обезбеди финале во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу кик.
Илиоски за противник во финалната борба го доби Бугаринот Христо Калајџиев.
До финалето нашиот кик-боксер славеше и над Мартин Лоренц од Чешка во првата борба.