Лапорта: Имаме забрана за трансфери во јануари

112

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека клубот нема да смее да ангажира нови играчи во јануарскиот преоден рок поради правилата за финансискиот фер-плеј на Ла Лига. Барса се враќа во добра финансиска форма, увери Лапорта, со очекувани приходи оваа сезона од 1,23 милијарди евра и проектиран профит од 274 милиони евра.

“Моравме да направиме некои економски операции кои го спасија клубот од пропаст и сега клубот е здрав. Сепак, според правилата на финансискиот фер-плеј на шпанскиот шампионат, не ни е дозволено да доведеме нови играчи на зима. Ние како и некои други клубови се обидуваат да го убедат раководството на Ла Лига да биде пофлексибилно и да ни дозволи трансфери кои можат да ја направат Барселона уште посилна“, изјави Лапорта за шпанската агенција ЕФЕ.

ПретходноМакедонија оди на победа!
СледноОфицијални состави: Македонија со Столе, Барди, Џани, Ристовски, Елмас, Нестор…