Викендов ќе се одржи една од најзначајните спортски манифестации во нашата земја, а тоа е „Златен гонг“. Турнир кој е со голема традиција, некогаш важеше за еден од најголемите турнири во екс – СФРЈ. Како што беше нагласено денеска на прес – конференцијата во АМС, ќе има боксери од 11 земји, а Македонија ќе има шестмина претставници.
Инаку турнирот ќе се одржи во малата сала во СЦ “Борис Трајковски“ и се очекува уште еднаш ова да биде врвна спортска, пред се боксерска манифестација.