ТФТ лесно го реши Кожув!

82

ТФТ дојде до третата победа оваа сезона, откако без проблем го совлада Кожув со убедливи 103:80. Тимот од Тафталиџе делуваше доста сигурно, што не може да се каже за нивниот противник. Гевгеличани едноставно не наоѓаа решенија како да ја унапредат својата игра презентирана и во изминатите неколку кола – за нив поразителни.

Николов со 23 поени и седум скока, Батрик беше зад него со 16 поени и седум скока.

Така заврши и средбата со актуелниот освојувач на Купот, кој од првата минута знаеше што сака – победата.

Сите дилеми околу крајниот победник исчезнаа уште по првите десет минути. Оние во кои екипата од Тафталиџе направи недостижни (35:13).

Сето останато беше одработување на задачите.

Навистина, екипата на Кожув ја „доби“ втората четвртина (26:23), но ништо повеќе од тоа не направија гевгеличани на нова гостување каде го запишаа и четвртиот пораз во шест одиграни натпревари.

За ТФТ ова беше трет успех во новата сезона, за 50% на усоешност пред заминувањето за Сараево каде во една седмица треба да одиграат три мечеви од АБА 2 лигата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО

ТФТ – Кожув           103:80

Пелистер – Чаир 2030    (во тек)

19.НОЕМВРИ (САБОТА):

12.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/0JzGhjIO5EY

17.00: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/oUHxdvXBos0

19.00: Гостивар – Струмица 2022

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/-cs_SIFwnug

22.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром –  Куманово 2009

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/AJi8sxkun28

ПретходноБарди сигурен од белата точка за 1:1 (видео)
СледноМакедонија се трудеше, сакаше, но само реми со опасната Финска! (ВИДЕО)