Нема да има медал за Дејан Георгиевски на СП во Гвадалахара (Мексико) во таеквондо. Нашиот херој од последните олимписки игри, на СП кое се одржува деновиве, неочекувано загуби уште во 1/8 финалето или 2.коло од Жоаксинг Сонг од Кина со 2:0.
Претходно Георгиевски во првиот меч имаше одличен настап и тоа против Валтер Салдариага од Колумбија кого го победи со 2:0.
Поразот од таеквондистот од Кина значеше и елиминација на Георгиевски од СП, што значи дека не го повтори успехот од ОИ во Токио минатата година кога на Македонија и го донесе среброто.