Белгија „потона“ на последниот контролен меч пред СП (видео)

1224

Репрезентацијата на Белгија од која се очекува висок пласман доживеа пораз од Египет со 1:2 пред стартот на Мундијалот во Катар. Денеска на стадионот „Џабер Ал Ахмад“ во Кувајт најтрофејната африканска репрезентација славеше победа со головите на Мустафа Мохамед во првото и Трезеге во второто полувреме. За Белгија погоди Опенда за ублажување на поразот.

Белгија на СП стартува на 23 ноември против Канада.

А селекцијата на Србија го совлада Бахреин со 5:1 во контролен меч на стадионот во Рифа, Бахреин. Два гола постигна Душан Тадиќ, по еден Душан Влаховиќ, Филип Ѓуричиќ и Лука Јовиќ.

Во пријателски меч во Абу Даби, селекцијата на Камерун одигра 1:1 со селекцијата на Панама. Чупо Мотинг ги доведе Африканците во водство, а изедначи Муриљо. Двата гола паднаа во второто полувреме.

ПретходноПетровиќ: Немавме среќа во финишот, задоволен сум од карактерот на тимот!
СледноУбава вест за репрезентативецот – Димитријевиќ стана татко