Дерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува Вардар 1961!

400

Салата во Автокоманда денеска ќе биде во центарот на вниманието. Таму дебитантот во Супер-лигата, Алкалоид го пречекува Вардар 1961 во дербито на 11. коло во групата А.

Актуелниот македонски првак е единствен тим со максимален скор, на другата страна пак тимот на Кирил Лазаров има еден пораз и тоа од „црвено-црните“.

Првата средба беше возбудлива младите ракометари на Алкалоид добро го испотија поискусниот состав на Вардар 1961, на крајот пресуди токму искуството, дебитантот пропушти шанса за сензација.

Мечот ќе биде директно пренесуван на МРТ, истиот стартува во 18 часот.

Покрај оваа средба, ќе се одиграа уште два меча, Е.Пелистер е го пречекува Голден Арт, додека пак Охрид игра против Куманово.

19.11.2022 – САБОТА
18:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 – пренос во живо на МРТ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
18:30 часот ГРК ОХРИД – МРК КУМАНОВО
20.11.2022 – НЕДЕЛА
18:00 часот РК ПРИЛЕП – РК СТРУГА
ПретходноИнфантино: Фановите ќе издржат три часа без пиво!
СледноКатар ќе го отвори СП со рецитирање на Куранот! (ВИДЕО)