Де Бјази: Се сеќавам на дуелот во Скадар, тогаш Македонија созреваше, а сега е на високо ниво

386

Селекторот на Азербејџан Џани де Бјази подели комплименти за нашиот тим. Тој ја познава оваа репрезентација со оглед на тоа дека претходно беше селектор на Албанија и играше против Македонија.
Македонија е многу квалитетен тим, има играчи кои играат во добри екипи. Тоа е смела репрезентација. Вчера го гледавме дуелот и победата со Италија и тој историски подвиг на вашата селекција. Знаеме со каков квалитет располага Македонија и ќе ни биде многу тешко“, изјави Де Бјази.

Тој се осврна и на оној дуел со Скандар во кој Албанија ја победи Македонија (се играше во два дена поради невреме) со гол во последните минути.
Се сеќавам на Алиоски кој тогаш беше офанзивец. Посебно се сеќавам на дуелот во Скандар кој се играше во два дена и кога загубивте со гол во последните минути. Таа Македонија беше млада и созреваше, а оваа сега е на високо ниво“, додаде италијанскиот тренер.

Ќе се навратам тој дуел со Италија. И тие не веруваа во победа во Палермо но го оставија срцето на терен. Македонија е пример за сите мали селекции дека чудата се можни“, вели Де Бјази.

 

ПретходноЕмин Махмудов: Македонија има екстра играчи, но ние дојдовме да победиме
СледноМарадона: Елмас направи глупост со пораката на социјалните мрежи, но тој ме импресионира!