СПОРТМЕДИА во Љубљана, Марија Ковачева
Македонската женска ракометна репрезентација го доби името на противникот во баражот за место на Светското првенство 2023. Избраничките на Љубомир Савевски ќе играат против селекцијата на Украина.
Дуелите се предвидени за почетокот на април месец следната година, поточно на 7 или осми април, додека реваншот е една недела подоцна. Мундијалот ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска од 30 ноември до 17 декември следната година.
На СП 2023 година место обезбедија Франција, Црна Гора и Холандија како и трите земји кои се домаќини.
ДВОЈКИ БАРАЖ ЗА СП 2023
Турција – Србија
Романија – Португалија
Исланд – Унгарија
Полска – Косово
Италија – Словенија
Германија – Грција
Швајцарија – Чешка
Австрија – Шпанија
Македонија – Украина
Словачка – Хрватска