По заканите од Јунајтед, Роналдо упати јасна порака до челниците на клубот!

1782

Во интервјуто кое го даде за Морган, Кристијано Роналдо во негативна конотација зборуваше за Манчестер Јунајтед, за некои сегашни и поранешни соиграчи, но и призна дека не го почитува Ерик тен Хаг.

По сето ова се огласи премиер-лигашот, во краткото соопштение порача дека ќе се превземат чекори, но деталите не се познати. Јасно е дека соработката со Португалецот ќе биде раскината, што пак беше и негова цел.

Англиските медиуми пишуваат дека Роналдо како слободен играч би го облекол дресот на Челзи. На прес-конференцијата во Катар се осврна и на таа тема, беше многу јасен.

„Тајмингот е секогаш тајминг. Се чини многу лесно од ваша страна кога барате тајминг. Понекогаш ја пишувате вистината, понекогаш нешто што не е точно. Не ми е гајле што мислат другите. Зборувам кога сакам“, изјави Роналдо.

По оваа изјава стана јасно дека тој нема да престане да зборува отворено за Јунајтед. Португалецот навлече голем револт кај фановите, но и раководството, покрај раскин на договорот, тој ќе добие и парична казна.

ПретходноЃоковиќ со порака по финалето: Благодарам Македонија (ВИДЕО)
СледноАнгличаните се снајдоа за алкохол, налетале на син на локален шеик во Катар (ВИДЕО)