Квеироз збесна: „Не ни требате, подобро останете си дома!“

913

Карлос Квеироз, селекторот на Иран по убедливиот пораз од Англија на првиот меч на СП изјави дека вистинскиот тест за селекцијата е против следните два противници САД и Велс.

Тоа не беше пораз, тоа беше тренинг за нас. Научивме дека треба да бидеме спремни за наредните натпревари. Ова не беше добар резултат за нас, но за нас се најважни резултатите против Велс и САД“, изјави Квеироз.

Тој им се нафрли на навивачите велејќи да го тргнат притисокот врз неговите фудбалери. Тие ги исвиркуваа играчите затоа што не покажале солидарност кон протестите во Иран. Играчите не ја пееја химната, а се исвиркувани и се во дилема.

Моите играчи не се во најдобро опкружување, што се однесува до концентрацијата, поради проблемите околу нив. Тие се луѓе, имаат деца, имаат сон, а тоа е да играат за својата држава, за својот народ. Јас сум горд што се изборија за тоа, што дадоа два гола против Англија во овие околности. Тие се во дилема. Имаат чувство дека се што ќе направат е лошо. Оние кои не сакаат да не поддржат, не ни требаат, нека останат дома. Не ни требаат луѓе кои не поддржуваат само кога победуваме“, изјави Квеироз.

За повредата на голманот Алиреза Бејранванд во првото полувреме, Квеироз изјави:

Не знам ништо. Дури утре ќе ја знаеме состојбата после деталните медицински прегледи“.

 

ПретходноСаутгејт: Одличен почеток, но мораме да бидеме подобри
СледноХоландија со два гола во финишот го победи Сенегал (видео)