Се огласи Роналдо: Време е за нов предизвик!

260

Откако Манчестер Јунајтед објави дека клубот и играчот ќе се разделат, Роналдо излезе со изјава која беше објавена на социјалните мрежи. Во неа тој ја истакна својата љубов кон клубот и навивачите, но тврди дека сега е време да побара нов предизвик.

„По разговорите со Манчестер Јунајтед заеднички се договоривме предвреме да го раскинеме договорот. Го сакам Манчестер Јунајтед. И ги сакам навивачите, тоа никогаш нема да се промени. Сепак, се чувствувам дека е вистинско време за мене да барам нов предизвик. Му посакувам се најдобро на Манчестер Јунајтед“, напиша Роналдо.

ПретходноФуксе Берлин како „фурија“ низ Битола, Пелистер немоќен пред германската машина!
СледноАтлетико разгледува варијанта да го позајми Феликс во јануари