Извонредни први 45 минути на денешниот последен меч на СП во Катар. Во 1. коло од групата „Д“, Австралија приреди вистински шок за светскиот шампион, откако Гудвин во 9. минута погоди за водство на „кенгурите“ од 1:0. Згора на тоа Франција остана и без левиот бек Лукас Ернандес, кој токму во акцијата од која Австралија поведе се повреди.
Сепак, момците на Дидие Дешан брзо се вратија. Со голот на Рабио во 27. минута израмнија на 1:1, а фуриозното продолжение на мечот донесе нов гол на Жиру со кој Франција направи комплетен пресврт за да замине на пауза со предност од 2:1.
Австралија можеше да израмни во надополнувањето, но идарот на Ирвајн заврши во десниот дирек на Лорис.