Ноле не и даде на Швјонтек да биде прва на листата на тенисери со најдобра заработка

1674

Новак Ѓоковиќ ја победи Полјачката Ига Швјонтек во трката за најдобра заработувачка во светскиот тенис за 2022 година. И покрај некомплетната сезона, Ѓоковиќ стигна да освои пет титули, вклучително и трофејот на Вимблдон и финалниот турнир во Торино, што му донесе сума која го смести на врвот на оваа листа.

Откако изминатиот викенд го освои по рекорден шестипат финалниот АТП турнир, Новак подигна рекорден чек од 4.740.300 долари за освојување на трофејот без загубен натпревар. Швјонтек беше на чекор да влезе во историјата како прва жена во последните 20 години што ја предводи листата на тенисери со најдобра заработувачка во една сезона, но на крајот падна на второто место за само 59.057 долари.

Севкупно, Ѓоковиќ годинава инкасираше 9,93 милиони долари, при што речиси половина од нив дојдоа од неговата победа во АТП финалето. Швјонтек од друга страна, освои осум од 17-те турнири што ги одигра, вклучително и два грен-слема. Таа инкасираше 9,88 милиони долари.

ПретходноВалтер: Против тим како Фуксе Берлин не смееш да промашуваш!
СледноЗа се има сефте: Очоа прв Мексиканец кој одбранил пенал на СП