Глејзер наскоро го ставаат Манчестер Ј. на продажба?

398

Семејството Глејзер кои се сопственици на Манчестер Ј. размислуваат за продажба на клубот. Сопствениците на „ѓаволите“ бараат начин да го продадат клубот по 17 години сопственост, објави авторитетниот „Скај Спортс“.

Глејзерс се подготвуваат официјално да ја објават својата намера и да истражуваат потенцијални извори на надворешни инвестиции многу скоро. Бизнисмените им наложија на инвестициските банкари да ги советуваат за процесот на потенцијална целосна или делумна продажба на клубот. Можни се и стратешки партнерства со трети страни.

Глејзерс го презедоа Манчестер Јунајтед во 2005 година со договор од 790 милиони фунти. Клубот сега има пазарна вредност од околу 2,15 милијарди долари.

ПретходноАвстралија само ги налути: Французите убедливи на стартот, Жиру го урна рекордот на Анри (ВИДЕО)
СледноФенер го доби дербито со Монако, Ц. Звезда триумфално кај Алба