Битолчани се пофалија, готова е новата трибина на „Петар Милошевски“

3880

Стадионот во Битола, „Петар Милошевски“, полека но сигурно го добива својот посакуван изглед. Долго очекуваната нова трибина е готова, поставени се столчињата, како и целосната инсталација и истата е подготвена за употреба.

Од надлежните пак и најава дека следува реновирање на старата веќе одамна руинирана трибина која исто така ќе добие нов изглед и ќе биде дополнение на новиот дел од објектот.

Конечно, како круна на целата реконструкција на стадионот, се и рефлекторите со што Пелистер и Битола ќе ги добијат меѓу најдобрите услови во Македонија за фудбал.

Новата трибина светлото на денот ќе го здогледа наскоро, поточно на 3 декември кога во Битола на Пелистер ќе му гостува лутиот ривал Вардар, веројатно со навивачката група Комити, во големото дерби за жал во моментов во ВМФЛ шампионатот.

Нека овие придвижувања во позитивна насока во Битола конечно ги мдрнат нештата од „мртва точка“ на фудбалски план, Пелистер да се врати онаму каде што му е местото, во елитата, па наскоро да игра не само прволигашки фудбал, туку да биде и наш претставник во фудбалска Европа.

 

ПретходноПелистер по продолжување на АБА 2 перфекцијата, ТФТ по поправен!
СледноХрватска лоша, Мароко извлече „нула“