Репрезентацијата на Србија утре го стартува Мундијалот во Катар со дуелот против Бразил. На денешната прес конференција пред мечот селекторот Драган Стојковиќ истакна дека секој би сакал да го дознае составот, дека е нормално да го скрие, и дека од друга страна 99% знае и кој ќе настапи за Бразил.
Сепак, со јавнста сподели една ексклузива дека можно е неговиот тим да настапи без стандардниот Филип Костиќ кој има повреда.