Во првиот меч од групата – Е на СП во Катар, попладнево Јапонија со 2:1 ја победи Германија. Каква фудбалска ЛУДНИЦА, каква сензација? Сензационален резултат, голема победа ако се знае дека “панцерите“ беа апсолутни фаворити, но храбрите самураи одиграа одлично и успееја да направат пресврт од 0:1 на 2:1 за триумф.
Инаку Германија поведе со голот на Гундоган и тоа од пенал во 33.минута за 1:0. Неколку минути ВАР му поништи гол на Каверц. Се чинеше дека Германците ја конттролираат играта и резултатот, но како што одминуваше времето во второто полувреме Јапонците тргнаа на се или ништо, имаа и неколку големи шанси за да во 75.минута Доан израмни на 1:1. Но тоа не беше се од Јапонија, Асано во 83.минута стрелаше за 2:1 и најави голема, голема сензација.
RITSU DOAN DRAWS JAPAN LEVEL WITHIN 4 MINUTES AFTER COMING ON THE PITCH!!!pic.twitter.com/XYv65WxUPj
— Football Report 🕊☮️🌍🌎🌏 #BerhalterOut (@FootballReprt) November 23, 2022
𝖳AKUMA ASANO GIVES JAPAN THE LEAD OVER GERMANY!!pic.twitter.com/Z7avTegRWB
— Football Report 🕊☮️🌍🌎🌏 #BerhalterOut (@FootballReprt) November 23, 2022