Утре на СП спектакл. Силите ќе ги одмерат Србија и Бразил. Еуфорија е кај нашиот сосед, српските фанови сметаат дека нивната репрезентација ќе слави над гигантот.
Сепак хит е изјавата на едно детенце кое на англиски јазик му кажа што мисли за Бразил и кој ќе победи утре на бразилскиот репортер кој правеше емисија вечерва од центарот на Белград.
„Мислам дека Србија ќе победи со 3:0, Митровиќ во првото полувреме ќе даде два гола а во второто Влаховиќ еден. Вашата одбрана ќе се уплаши, а Нејмар ќе падне на колена и ќе плаче како бебе“ изјави младиот фан.
Em entrevista à @ESPNBrasil, garoto prevê grande vitória da Sérvia em cima do Brasil, e provoca Neymar.
📸 Reprodução/ESPN pic.twitter.com/ox92TUQYul
— Sou Eu Na Copa (@soueunacopa) November 23, 2022