Значајни победи за Борец и Фит Фан Волеј

135

Екипите на Борец и на Фит фан волеј ги забележаа најзначајните победи во натпреварите од 8. коло кај мажите и во 9. кај дамите во одбојкарското првенство на Македонија. Велешани го искористија домашниот терен против Лирија и со петтата победа сезонава направија чекор кон пласман во Втората фаза-1 во којшто ќе играат најдобрите шест од есенскиот дел.

Триумфот на одбојкарките на Фит фан волеј против Вардар ЕМ има иста тежина затоа што со него дојде до остра поделба на табелата меѓу првиот и вториот квартет. Тоа значи дека Фит фан волеј ќе биде во друштво на водечките три екипи во полуфиналето на првенството, а за Вардар ЕМ и за Струмица жени остануваат само теоретски шанси.

Прва лига (мажи), 8.коло

Струмица Никоб – Штип УГД 3:0 (25:17, 25:6, 25:17)

Шкендија – Петровец 3:0 (25:8, 25:18, 25:19)

ГОК Борец – Лирија 3:0 (25:11, 25:18, 25:17)

Сушево – Универзитет во Тетово 0:3 (23:25, 22:25, 23:25)

Македонија Џио – Либеро (денеска, 18.00)

***Слободна беше екипата на Весна Пробиштип

Табела: Струмица Никоб 7-0, Шкендија 6-1, Весна Пробиштип 5-2, ГОК Борец 5-2, Лирија 4-3, Либеро 4-2, Штип УГД 3-4, Петровец 2-6, Универзитет во Тетово 2-6, Сушево 1-6, Македонија Џио 0-7.

Прва лига (жени), 9.коло

Наковски волеј – Јанта волеј Кисела Вода 1:3 (25:23, 24:26, 20:25, 16:25)

Македонија Макс – Работнички Скопје 0:3 (12:25, 17:25, 18:25)

Фит фан волеј – Вардар ЕМ 3:1 (25:21, 25:15, 16:25, 25:11)

Вардар жени – Струмица жени 1:3 (16:25, 25:22, 17:25, 11:25)

Табела: Работнички Скопје 8-1, Јанта волеј КВ 8-1, Наковски волеј 6-3, Фит фан волеј 6-3, Вардар ЕМ 3-6, Струмица жени 3-6, Вардар жени 2-7, Македонија Макс 0-0.

ПретходноТрајчевска со голем оптимизам пред Белгија: Не се плашиме од никого, ниту пак ќе се предадеме!
СледноИвановски во четвртфиналето на ИТФ Фјучрсот во Мадрид