Магдебург ја продлабочи кризата во редовите на Порто!

79

Порто за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски ја продолжи црната низа во Лигата на шампиони. Португалскиот тим го запиша седмиот пораз, овој пат беше совладан од Магдебург на гости со 41-36.

Бундес-лигашот отвори со 6-2 и 7-4, доминираше во првото полувреме, кое го доби со 22-17, а имаше водство и од шест гола. Во следниот период не се промени ништо во играта, Магдебург во 45 минута имаше позитива од осум гола (31-23), по која не беше тешко да го приведе мечот во својата корист. Митревски на оваа средба запиша пет одбрани.

Со поразот број седум Порто останува на последното место на табелата во групата А, каде лидер е Веспрем со шест победи и едно реми.

На последната средба од групата Б, Кјелце славеше против Елверум со 37-33.

ПретходноДебакл на кошаркарките: Белгија ја порази Македонија со 112-41
СледноМечот Уругвај-Јужна Кореја статистички е најлошиот во историјата на Мундијалите