Женската сениорска репрезентација на Македонија во недела навечер, ќе го одигра својот четвртти натпревар од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се игра во Израел и Словенија.
На 27. ноември, во салата на СРЦ „Кале“ ни гостува една до најдобрите репрезентации на европскиот континент, Германија.
Кошаркарките имаат три порази во низа, последниот беше историско убедлив, па поддршка од трибините во тешките моменти ќе биде од големо значење за „црвено-жолтите“.
Токму затоа македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен.
Во соработка со Sport Klub, обезбеден е и директен ТВ пренос од натпреварот кој стартува од 19 часот.