Некогашниот Македонски младински репрезентативец Агрон Руфати на зима ќе биде првото засилување за тимот на Академија Пандев.
Спортмедија дознава дека стоперот, кој есенва не пронајде клуб, откако ја заврши авантурата во Романија, во клубот на Академика Клинчени, ќе биде првиот играч кој ќе биде дел од реновирањето на тимот на Академија Пандев, кој пак есенва тотално потфрли на резултатски план.
Руфати беше дел од една од најуспешните наши младинси генерации, онаа предводена од Елмас, Чурлинов, Атанасов, која што на домашен терен играше елитни квалификации до 19 години.