Бомба во најава од Тетово: Максимов за 100.000 евра доаѓа во Шкендија

9977

Еден од најквалитетните млади фудбалери во Македонија, нашиот У21 репрезентативец Методиј Максимов е пред трансфер во тимот на Шкендија.

Спортмедиа дознава дека членот на Работнички е мета на клубот кој се бори за шампионска титула, и кому 100.000 евра во моментов и не му се преголем проблем за да „искешира“ и да го доведе крилниот офанзивец.

Максимов пак е играч кој е лидер на надоаѓачката У21 генерација која што ќе биде дел од следниот квалификациски циклус, и е играч кој може да ја покрие целата десна крилна позиција, како бековска, така и офанзивна.

Токму ваквите засилувања за Шкендија ќе го направат овој тим уште поконкурентен, а цената на Максимов со самото играње во Европа ќе нарасне неколкупати одколку што е во моментов.

 

 

ПретходноАгрон Руфати од зима во Академија Пандев
СледноТвинго Куп: Двоен триумф на Марко Блажевски