Пролет убедлив во дербито против Тиквеш

104

Дербито во групата Б за второто место на табелата му припадна на Пролет. Скопскиот тим го совлада Тиквеш со 24-19 (13-9), ја запиша петтата победа во низа и стави крај на триумфалната серија на избраниците на Данило Брестовац.

Со овие бодови Пролет се зацврсти на второто место на табелата, на кое беше и пред оваа средба, но сега бодовната разлика е поголема.

Аларов постигна шест гола, додека Џонов пет кај победникот, кај гостите Лазов, Коцев и Хамзиќ имаа по четири погодоци.

Иако сите очекуваа изедначена битка, сепак тоа не се случи. Ракометарите на Пролет поведоа со 4-1, па со 10-6, позитива која ја имаа на одморот (13-9). Во продолжение, со серија од 4-1, домаќинот дојде на плус седум 18-11, нешто подоцна беше и 22-13. До крајот не се промени ништо, Тиквеш не успеа да се врати од големата негатива.

Пролет има девет победи, две ремија и еден пораз, на другата страна Тиквеш по 12 коло има осум победи, едно реми и три порази.

Во групата А, Прилеп дојде до третиот триумф оваа сезона, откако на гостувањето кај Вардар Неготино славеше со 27-29.

ПретходноРоналдо ги почасти соиграчите со вечера во Катар
СледноСелекторот на С.Арабија: Самите сме виновни што загубивме