Борко главен во триумфот на Лемго

801

Македонскиот ракометен интернационалец, Борко Ристовски со шест одбрани беше еден од најважните играчи на тимот на Лемго во триумфот над Ерланген со убедливи 34-27.

Голманот на теренот мина околу триесетина минути и имаше неколку клучни одбрани во битните моменти од натпреварот.

Ова беше четврта бундеслигашка победа на Лемго, трета по доаѓањето на Ристовски, кој се пресели во овој клуб на двомесечна позајмица од Вардар.

ПретходноЧудесно: Вака се славеше голот на Меси во Бангладеш! (ВИДЕО)
СледноНереди во Брисел по поразот на Белгија од Мароко (ВИДЕО)