Петровиќ: Одигравме одличен натпревар, задоволен сум од момците!

235

МЗТ Скопје го запиша вториот триумф во АБА-лига. Избраниците на Александар Петровиќ ја оправдаа фаворитската улога против најмладиот тим во јадранското натпреварување, Мега и пред своите навивачи славеа со 94-82.

Со новите бодови, актуелниот македонски првак се издигна од дното на табелата, по осмото коло се наоѓа на 10-та позиција.

„Одигравме одличен натпревар, имавме контрола на целиот меч, тоа што се договоривме момците го испочитуваа. Имаме седум играчи со двоцифрен број на поени, дисциплината беше на врвно ниво, задоволен сум од кошаркарите, ова беше голема победа за нас. Затаивме во скокот во првото полувреме, но веќе во вториот дел бевме подобри. Со дисциплина, тимска игра можеме да направиме добар резултат и да останеме во АБА-лига и следната сезона“, изјави Петровиќ по мечот.  

ПретходноДе Брујн: Белгија не напаѓа добро затоа што напаѓачите се стари
СледноДенеска на Мундијалот: Да се биде или не за “орлите“ на Пикси!