Меси за време на Мундијалот го договорил новиот клуб!

652

Лионел Меси го игра последното Светско првенство во Катар, а кога ќе се врати во Европа, најверојатно ќе ја одигра последната нокаут фаза од Лигата на шампионите. „Тајмс“ тврди дека капитенот на Аргентина си нашол нов клуб и дека повеќе нема да го гледаме на големата сцена.

Ако пред неколку недели од Островот се пишуваше дека Интер Мајами е оптимист за доаѓањето на Меси, денес „Тајмс“ донесе повеќе детали за хипотетичкиот договор што Аргентинецот ќе го потпише со франшизата во сопственост на Дејвид Бекам.

Меси веќе е редовен гостин во Мајами, таму има куќа. Тој не ја криеше желбата да си ја проба среќата во МЛС:

„Секогаш имав илузија дека можам да уживам и да го доживеам животот во САД, да почувствувам каков фудбал се игра таму, каков е животот таму. Би сакал тоа ќе ми се случи, а не знам дали ќе ми се случи“, изјави претходно Лео.

„Тајмс“ наведува дека не треба да се потцени влијанието на Бекам за овој потенцијален потпис и реализација на најголемиот трансфер во историјата на МЛС.

Британецот беше клучен и „како амбасадор на Катар за Светското првенство во 2022 година, тој има директна врска со сопствениците на ПСЖ. Покрај тоа, тој исто така има директна врска со Меси преку неговиот договор со Адидас“.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од актуелната сезона, поточно на 30 јуни, иако Французите сакаат Меси да остане во Париз, не е сосема јасно дали аргентинската ѕвезда има иста желба.

Објавени се и некои детали за амбициозниот план на Интер Мајами да го убеди повеќекратниот добитник на Златната топка да дојде на Флорида. Прво, највисоката плата некогаш исплатена на некој во МЛС. Од друга страна, соиграчи кои одговараат на неговиот стил и многу добро го познаваат.

Наводно, покрај Меси, во Интер Мајами треба да дојдат и неговите двајца најдобри пријатели Луис Суарез кој е слободен и Цеск Фабрегас кој игра за Комо од Серија Б.

ПретходноМонструозна партија на Хрватот во НБА-лига (ВИДЕО)
СледноХит изјава на Крамариќ за канадскиот селектор: Покажавме кој кого ќе го е*е!