Нова афера во НБА лигата: Крис Пол бил во интимна врска со Ким Кардашијан

757

Познатиот музичар, дизајнер и бизнисмен Кање Вест го обвини кошаркарот на Феникс Санс, Крис Пол, дека бил во интимна врска со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

„Ајде да откриеме уште една тајна пред да одам – ​​го фатив овој човек со Ким. Добра ноќ“, напиша Вест на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од 37-годишниот кошаркар.

Вест и реалити ТВ ѕвездата Кардашијан неодамна постигнаа договор за развод, кој Ким го иницираше во 2021 година по осум години брак. Поранешната двојка се согласи на заедничко старателство над нивните четири деца, а Кање на Кардашијан ќе им плаќа по 200.000 долари месечно како издршка.

НБА ѕвездата Пол е оженет со Џејда Кроули, па сега останува да се види каква ќе биде нејзината реакција на овие обвинувања на Вест.

ПретходноФМП Академија претстави три засилувања – Златевски, Смит и Рингер
СледноВардар лесно и против Куманово