„Езерското“ дерби меѓу Охрид и Струга ги оправда очекувањата, истото заврши без победник 22-22. Двата тима во финишот имаа шанса да дојдат до победа, но ниту еден од нив не ја искористи истата. Најмногу на бодот се радуваше гостинскиот состав, додека на другата страна Охрид испушти шанса да се израмни бодовно со Бутел.
Гостите беа подобри во првото полувреме, натпреварот го отворија со 2-5, на домашниот тим не му дозволија во ниту еден момент во овој дел од дуелот да го превземат водството. На одморот резултатот беше 11-14 во корист на Струга.
Охрид се разбуди во вториот дел, со серија од 3-0 израмни на 14-14. Струга не се предаде, врати во иста мера за 14-17, по што следеше нов пресврт. Овој пат се играше гол за гол до самиот крај кога никој не успеа да реализира за победа.
Андоноски и Шешиќ имаа по пет погодоци кај Охрид, на другата страна ист број на голови имаше Костоски.