Бојан Блажевски уште две години во Бутел Скопје

259
Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на ростерот за следната сезона. Чуварот на мрежата Бојан Блажески ја продолжи соработката, тој и во следните две години ќе го брани голот на „бутелци“.

Блажевски веќе веќе четири сезони, заедно Градимир Чаневски ќе бидат задолжени за мрежата на овој тим.

„Од самото постоење сум член на Бутел. Минав 4 години , бев присутен на сите порази и победи на клубот. Се гледам во Бутел затоа што тука напредувам , учам од поискусните и ги надоградувам недостатоците за успешна караиера. Најдобрите успеси на Бутел допрва следуваат и се надевам на поуспешна сезона од ланската“, изјави Блажески
ПретходноПочнуваме со Пандев и Елмас во нападот, Спировски и Ристевски меѓу стартерите!
СледноСпортмедиа анализа – Ѓорѓи Христов: Да одиграме како што знаеме! Посакувам да ја израдуваат Македонија!