Рајковиќ ја доби и втората пресметка со Уникс на Димитријевиќ

108

Емил Рајковиќ и ЦСКА (М) не потклекнаа ниту на жешкото гостување кај Уникс Казан во новото коло од ТВБ лигата. Македонската пресметка повторно ми припадна на нашиот стратег, чиј состав дури по продолженија славеше со 95:93 против Уникс Казан на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

ЦСКА ја продолжи фантастичната серија од 14 последователни победи и остана без пораз во досегашниот дел од натпреварувањето. Уникс Казан е втор, со два порази токму во меѓусебните дуели со „армејците“.

На денешниот меч Димитријевиќ одигра 35 минути и постигна 19 поени за Уникс со што беше втор поентер во својот тим, веднаш зад Мајкон кој постигна 22. Кај ЦСКА (М) лидер во победата на тимот на Рајковиќ беше Алексеј Швед со 25 поени.

ПретходноШок за Јуве: Роналдо си ги бара 20-те милиони евра од кои се откажа за време на пандемијата!
СледноПМФЛ: Струга ТЛ со есенската КРУНА, шоу на Дориев, Шкупи со пресврт до триумф, без голови во Прилеп! (ВИДЕО)