Бразил последен пат бил светски шампион во 2002 година. На последните четири светски шампионати беше елиминиран од европски селекции – Франција (2006), Холандија (2010), Германија (2014) и од Белгија (2018). На СП во Катар ќе се соочат со Хрватска во четвртфиналето.
„Не можам да преземам одговорност за 20 години. Јас сум главен последните четири години. Имаме убава историја и тоа ни прави притисок. Ние сме земја која многу го сака фудбалот. Да, постои притисок, но сонувањето е дел од сечиј живот. Убаво е да се сонува. Дури и ако не можеме да победиме, затоа што само еден е победник, нема да престанеме да сонуваме“, порача Тите.
Бразил во групата ги победи Швајцарија и Србија, загуби од Камерун во незначаен меч, следуваше убедливиот триумф над Јужна Кореја во осминафиналето. Притоа го загуби Габриел Жесус и Алекс Телес. Добро е што се врати Нејмар, па Бразил е посилен.