Утврден распоредот на ЕП 2023: Одбојкарите во Скопје ќе почнат против Данска!

428

Европската одбојкарска конфедерција го одреди комплетниот распоред на натпреварите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи и во Македонија. Скопје е еден од четирите града домаќин на најдобрите европски репрезентации, а Македонија откако ги дозна ривалите во групата, сега веќе знае каков ќе биде и „возниот ред“ на натпреварите.

На 30 август идната година во СЦ „Борис Трајковски“ отвораме против репрезентацијата на Данска во еден од натпреварите кои се најзначајни за нас во битката за пласман во втората фаза.

На 2 септември ќе го одиграме вториот меч, против селекцијата на Црна Гора, исто така една од селекциите против која ќе бараме победа за пласман во следната рунда. Ден подоцна (3 септември) ќе играме против супер-фаворитот во групата, Полска, додека на 5 и 6 септември настапите во групата ги затвораме против Холандија, односно Чешка.

Ако успееме да се пласираме на едно од првите четири места во нашата група, тогаш во осминафиналето патуваме во Бари каде ќе се сретнеме со некоја од четирите најдобри селекции во групата „А“ каде се Италија, Белгија, Германија, Естонија, Србија и Швајцарија.

ПретходноЅверска двојна одбрана на Митревски за најавни шпици (ВИДЕО)
СледноАјви од Аеродром се пресели во Полска!