Барса го доби дербито со Алборг, Перес де Варгас во елемент (ВИДЕО)

139

Барселона останува на врвот на табелата во групата Б. Шпанскиот тим го доби дербито против Алборг, пред своите навивачи славеше со 32-16 во последниот меч од деветото коло. За актуелниот бранител на титулата ова беше осма победа сезонава.

Видовме доста интересен натпревар, во кој водството се менуваше постојано. Алборг на почетокот на првото полувреме предност од два гола, на одморот истата беше 15-16.

Каталонскиот тим на средината на второто полувреме почна да го гради патот кон победата. Со серија од 4-0 поведе со 28-24 предност која до самиот крај ја зголеми на шест гола (32-16).

Перез де Варгас беше на нивото на задачата и една од главните причини за триумфот, блесна во второто полувреме. На крајот зад своето име запиша 12 одбрани, три од нив од седум метри. Нилсен имапе пет интервенции. Прв стрелец беше Мем со девет гола од 11 обиди. На другата страна Феликс имаше шест погодоци.

ПретходноДодека 62 милиони Бразилци гладуваат, репрезентативците јадат стекови од 1.650 евра! (ВИДЕО)
СледноБелград е ЦРВЕНО – БЕЛ, Ц. Звезда и Недовиќ го “скршија“ Партизан во спектакуларен дуел!