Вечерва се одиграа пет натпревари од 12.коло во Евролигата. Јасно е дека дербито се играше во Белград, во Арената во спектакуларна атмосфера во меч во кој Ц. Звезда со 76:73 успеа да го победи Партизан во еден драматичен меч.
Партизан одлично го почна мечот, првата четвртина ја доби со 20:11, но затоа во втората „црвено – белите“ беа фантастични,. Во самиот финиш драма, Партизан на две минути имаше шест поедни разлика, но Вилдоза со две тројки дојде до 73:73.
И тогаш на две секунди до крајот Недовиќ погодува тројка за 73:76.
Инаку ова беше историски меч за српската кошарка, имено за првпат вечните одиграа меѓусебен меч во Евролигата.
Недовиќ, херојот на Ц. Звезда беше најефикасен на мечот со 20 поени, додека кај Пантер кај Партизан постигна 15 поени, но кога требаше тој промашуваше шутеви за три поени.
Фенербахче на гости кај Алба успеа да победи со 75:104, и повеќе од убедлив триумф за турскиот гигант. Смит кај домашните постигна 15 поени, додека кај гостите најефикасен беше Едвардс со 13 поени.
Макаби во Тел Авив просто ја “размонтира“ Валенсија победувајќи ја со 84:68. Освен во третиот период кој го добија Шпанците, домашниот тим беше подобар и успеа заслужено да победи.
Во Атина на мечот меѓу Панатинаикос и Милано се играа продолженија, но сепак на крајот домашниот состав победи со 90:77. Бејкон со 31 поени блескаше во дресот на Пао.