Портланд и Денвер го одиграа најлудиот натпревар оваа сезона во НБА-лигата. Во последните шест и пол минути се играше кош за кош, се до девет десетинки до крајот кога Мареј постигна тројка за победа на гостите од 121-120. На овој начин Денвер стави крај на низата од три порази и со скор од 15-10 влезе во друштвото на водечката тројка во Западната конференција.
Портланд во последната четвртина влезе со предност од 11 поени, но гостите со кошот на Јокиќ на пет и пол минути поведоа со 105-104. По ова водството постојано се менуваше.
Херојот на Денвер мечот го заврши со 21 поен, додека прво име беше Јокиќ со 33 поени, 10 скока и 9 асистенции. На другата страна Лилард имаше 40 поени, Нуркиќ застана на 21 поен и 9 скока.
На останатите две средби Сан Антонио ја прекина серијата од 11 порази совладувајќи го Хјустон со 118-109, додека пак Клиперс го загубија четвртиот меч во последните пет, овој пат подобар од нив беше Мајами со 115-110.
Резултати: Мајами – ЛА Клиперс 115-110, Сан Антонио – Хјустон 118-109, Портланд – Денвер 120-121.