По поразот од Звезда, кошаркарите на Партизан останаа длабоко во ноќта во „Штарк Арена“

815

По поразот од Црвена Звезда со тројката на Недовиќ 73-76, кошаркарите на Партизан се чини останаа длабоко во ноќта во „Штарк Арена“. Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ одлучил да го задржи тимот на видео анализа веднаш, не следниот ден, што е пракса кај сите клубови.

Тој пред прес-конференцијата најавил дека деталната анализа ќе ја остави за тимот, а истата била закажана по мечот.

„Здраво луѓе, имаме состанок“, им порача Данило Анѓушиќ на насобраните новинари во просторот пред соблекувалната.

Информацијата дека ќе останат во сала ја потврдил и еден од помошниците на Обрадовиќ тврдејќи дека сите ќе останат, бидејќи тренерот сака да им ги воочи грешките.

Дали Обрадовиќ останал на зборот засега нема потврда.

ПретходноДалиќ: И да не го победиме Бразил, останува гордоста – капа доле за момците!
СледноНестварно: Легендарниот Миура на 55 години ќе потпише за португалскиот тим Оливаренсе!