Ѓорче Петров обезбеди пласман во осминафиналето на ЕХФ Купот

180

Ракометарките на Ѓорче Петров обезбедија место во осминафиналето на ЕХФ Купот. Во меч од третото коло, нашиот претставник ја декласираше австриската екипа Јагс со 45:26 и успеа да се пласира меѓу најдобрите 16 екипи од ова натпреварување.

Со 17 постигнати гола, Ангела Јанкуловска блескаше на овој натпревар. Таа беше 100% во реализацијата и покажа дека е исклучително квалитетна ракометарка.

Вториот македонски преставник, Чаир го загуби и вториот меч со Макаби Рамат Ган и заврши со настапите во натпреварувањето. Израелскиот состав славеше со 37:31 и обезбеди пласман во следната рунда.

ПретходноУрнебесната реакција на коментаторот на ХРТ по триумфот над Бразил (ВИДЕО)
СледноФМП Академија триумфално и во Куманово