Во вторник во 20 часот во Лусаил ќе се одигра првото полуфинале на СП во Катар. Се среќаваат Аргентина и Хрватска. Меси против Модриќ, “гаучосите“ против чудото од Балканот.
Прогнозите велат дека Хрватска има и тоа како добри шанси, но така не мислат фановите во Аргентина кои се уверени дека пехарот ќе оди во рацете на Меси.
Цела Аргентина е во еуфорија, не им се дава ни грам шанси на Хрватите, а во прилог на ова говори и анкетата која на направи “Оле“ за 33.000 свои читатели. Околу 89 насто од нив велат дека Аргентина сигурно минува, додека само 11 насто се песимисти и сметаат дека Хрватска ќе победи.