Голем инцидент се случи на натпреварот меѓу Чаир 2030 и Работнички од Првата кошаркарск лиг откако еден навивач на домашната екипа го нападна кошаркарот на тимот од Градски парк, Ерик Нотиџ. Во салата „Шабан Трстена“ во Чаир прво дојде до конфликт меѓу Нотиџ и еден домашен кошаркар, а навивачот влезе на паркетот и од позади го удри играчот на Работнички.
Натпреварот е во прекин, а Работнички до тој момент имаше водство од 44:23.