По одличните настапи на СП, Ноперт се сели во Ајакс

424

Голманот Андрес Ноперт воодушеви со настапите за Холандија на Светското првенство во Катар, па уште во јануари ќе ја смени средината. Тој дебитираше за националниот тим на Холандија и тоа токму на СП во Катар, па си ја крена цената. Тој ќе го напушти Херенвен и ќе премине во најтрофејниот холандски клуб Ајакс.

Од Херенвен се согласиле да го пуштат но под еден услов, од Ајакс да донесат замена. Поточно Ајакс да им го даде Џеј Гортер кој има 22 години не игра за Ајакс, а има договор до 2025 година.

Клубови од Италија и Премиер лига исто така пројавиле интерес за него, пишуваат холандските медиуми, но Ноперт изразил желба да го засили Ајакс од Амстердам.

ПретходноВан Дајк: Аргентина светски шампион? Ич не ми е гајле кој ќе биде, нема ни да гледам
СледноЕмбид растури со 53 поени, Вилијамсон за нова победа на Њу Орлеанс (ВИДЕО)