Завршија со СП 2022: ФИФА ги испрати дома Лахоз, Оливер и Турпин

1301

Судиите Мајкл Оливер, Клемент Турпин и  Стефани Фрапарт ја завршија својата работа на Светското првенство во 2022 година.

Според информациите овие судии заедно со Шпанецот Матеу Лахоз биле вклучени во втората група на судии кои судискиот комитет на ФИФА ги испрати дома.

За првото полуфинале, во кое ќе се сретнат Аргентина и Хрватска, за судија е назначен Италијанецот Даниеле Орсато. Полјакот Шимон Марчинијак, Холанѓанецот Дани Макели и Мексиканецот Цезар Рамос остануваат главни кандидати за второто полуфинале меѓу Франција и Мароко, како и финалето на Светското првенство.

ПретходноВиландер: Ѓоковиќ во Австралија ќе дојде многу гладен за победа
СледноДали смртта на американскиот новинар на СП во Катар е убиство?