Ајдуци на стогодишнината на Беласица го „запалија“ стадионот (ВИДЕО)

519

Навивачката група на ФК Беласица, популарните Ајдуци, по повод јубилејот, сто години од основањето на нивниот клуб, приредија вистинска фешта, односно „баклијада“ на стадионот „Младост“ во Струмица.

Во прекрасен амбиент, „Ајдуци“ направија спектакл кој снимен од дрон наликува на славјето на големите европси и светски фудбалски великани.

„Една и единствена нашата Струмица како и нејзината најголема гордост ФК Беласица, една целина која ја исполнува душата и срцето на секој струмичанец, засекогаш. Одбележување на сто години гордост на градот, ФК Беласица, како и денот на нашиот град Струмица.“ – велат „Ајдуци“

ПретходноЏака во „војна“ со новинарка од Косово
Следно6 нови милионери за една недела со видеолотарија, заедно добија 8.527.069,00