Калин Ивановски го има најдобриот пласман на АТП листата во кариерата

3563

Македонскиот тенисер Калин Ивановски направи скок од 69 места на најновата АТП ранкинг листа и сега го зазема 541 место, што е негов најдобар пласман досега. Со победата на Фјучерсот во Мадрид тој впиша 15 поени и сега има 62 поени. Претходно тој триумфираше во Хераклион и во Монастир каде исто така освои по 15 бодови. Со пласманот во полуфиналето во Котингбрун освои 4 поени….

Инаку по триумфот во Мадрид, следуваше настап во Трнава каде што Калин имаше лош старт и испадна уште во 1/16 финалето.

Во женска конкуренција Лина Ѓорческа е на 243 место.

 

ПретходноНовиот селектор на Шпанија: Вртиме нов лист, имаме идеја како треба тимот да се развива
СледноАнгажирале уметници да им ја „украсат“ соблекувалната, платиле 28.000 евра и добиле ОВА!