Шпанскиот суд го ослободи Нејмар од обвиненија за измама и корупција

80

Нејмар е прогласен за невин во случајот за измама и корупција кој против него се водеше во Шпанија.

Шпанските финансиски органи поднесоа тужба против фудбалерот на ПСЖ, неговите родители, поранешните претседатели на Барселона Хосеп Бартомеу и Сандро Росел, како и против  поранешниот директор  на Сантос,  Одилио Родригез, кои беа обвинети за измама при трансферот на Бразилецот од Сантос во Барселона.

Тужителот бараше Нејмар да биде ставен во затвор 5 години, а исто така да му се забрани да игра фудбал. Шпанскиот суд денеска ги прогласи за невини сите обвинети во овој случај. Во октомври, обвинителот Луис Гарсија Кантон побара од судот во Барселона да ги ослободи сите обвинети бидејќи „немало ни најмало навестување за сторено кривично дело“.

ПретходноСОСТАВИ: Скалони и Далиќ скоро со ист избор како во четвртфиналето
СледноНестварно: Фудбалската федерација на Мароко подели 13.000 бесплатни билети на своите фанови за дуелот со Франција!