Со голот на Лионел Меси од пенал, аргентинската репрезентација поведе во дуелот со Хрватска со 1:0 во првиот полуфинален меч од СП во Катар. Во 32 минута Ливаковиќ во обид да стигне прв до топката собори еден аргентински фудбалер, а судијата Даниеле Орсато покажа на белата точка.
Лео Меси погоди за водство на Аргентина, но и за историја. Меси со 11 гола е најдобриот аргентински стрелец на Светските првенства, симнувајќи го од првото место некогашниот голгетер Габриел Батистута.
Секој нареден гол на Меси ќе биде поместување на границата за следните аргентински голгетери.